Владата ќе ја одржи 72-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 23.8.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 72-ра седница, на која согласно своите надлежности, ќе разгледа повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе бидат  разгледани повеќе инфраструктурни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Меѓу нив е Информацијата за состојбата на Акумулацијата Паљурци, како и информациите за повеќегодишни јавни набавки за финансирање на активности за реконструкција на системите за водоснабдување Богданци, за изградба на фекална канализација во населено место Страчинце, Општина Гази Баба, како и за Проектот - Реализација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново.

Меѓу другото, Владата ќе го разгледува предлогот на Министерството за правда за иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности употребени од здруженијата, како привремено решение до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации., со цел  да се избегне злоупотреба на одредени личности, кои имаат негативен контекст во различни историски епохи.

На оваа седница, пред членовите на Владата за разгледување ќе се најде и  содржината на јавните повици  и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Вторник, Август 23, 2022 - 12:00 to 13:00