Ристовски: Пензиите нема да се намалат, напротив ќе растат

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски по денешната постата на штитениците на домот за деца без родители и родителска грижа ,,11 Октомври“ ги демантира информациите дека поради измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе се намали основицата на пензиите.

- Со новиот закон се прави само корекција на заменската стапка која во моментов е 1,8 на 1,6. Истовремено се трга границата со која оваа заменска стапка се пресметуваше на 810 отсто од основицата. Сега практично нема граница и на тој начин се обезбедува баланс, појасни министерот.

Неопходно, според Ристовски, било да се направи ваквата корекција поради фактот што изминативе две години значително се зголемија платите со системот на бруто-плата, а се намалија придонесите од 21,2  на 18 отсто, а во 2015 се најавува намалување на 17,5 проценти.

Тој рече дека пензиите неколкукратно ќе се зголемуваат. Според најавеното, на крајот на 2012 односно почетокот на 2013 година пензиите ќе бидат покачени за 5 проценти, а дефинирано е дека во наредните години ќе има нивно прогресивно зголемување. Оваа година пензиите ќе бидат зголемени за 5 отсто, потоа за 7 проценти, а во 2015 година ќе има зголемување за 10 отсто.

Министерот Ристовски најави дека од утре ќе почне исплатата на пензиите.