Премиерот Ковачевски со честитка за христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица: Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Премиерот Ковачевски упати честитка до христијанските верници по повод големиот празник.

„Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот“, порача премиерот Ковачевски во честитката за празникот Успение на Пресвета Богородица.