„Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации. Во финална фаза на донесување е Политиката за стратегиски комуникации која ги поставува основите што за нас значат стратегиските комуникации и нашата цел – да бидеме максимално транспарентни“, информираше министерката Славјанка Петровска на денешниот бирифинг со претставници на медиумите, посветен на НАТО Конференцијата за комуникатори која ќе се реализира следната недела во Скопје.
„Со овој документ, кој е комплементарен на НАТО Политиката за стратегиски комуникации, ги дефинираме и учесниците во овој процес, нивната меѓуповрзаност и нивните одговорности. За нас како НАТО Алијанса е исклучително важно да го разбереме местото на стратегиските комуникации во одбраната и да создадеме систем кој ќе овозможи овие стратегиски комуникации да бидат ефикасни и ефективни“, рече министерката.
Петровска посочи дека нашата заедничка цел како Алијанса е – навремена, точна комуникација за мисијата и целите на сојузниците.