По повод денешното одбележување на Денот на независноста 8. Септември во градскиот парк во Скопје граѓаните имаа можност да погледнат дел од опремата и возилата со кои располагаат Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа тие имаа можност да се дружат со припадниците на двете институции и да се запознаат со нивните задачи, опрема и да погледнат показни вежби.
На денешниот отворен ден во градскиот парк присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска упатува честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод Денот на независноста – 8. Септември и порачува дека Безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е најважна. Припадниците на армијата, полицијата и останатите безбедносни структури се гарантот.
Нека ни е вечен 8 Септември, Денот на независноста!