Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II.
Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години.
Истовремено во овие моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трас, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.