Денеска (вторник), 13 септември 2022 година премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на МЕПСО Орхан Муртезани, како и со претставници од ресорите економија и енергетика, е во работна посета на Грција, со цел справување со последиците од светската енергетска криза.
Во рамки на еднодневната посета предвидено е премиерот Ковачевски да оствари тет-а-тет средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, по што следи билатерален состанок на делегациите од двете земји.