Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации.
Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11:00 часот по локално, односно 18:00 часот по македонско време и ќе може да се проследи во живо на следните линкови.
Премиерот Ковачевски денеска ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација.
Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и на истото се очекува да присуствуваат 100 професори, експерти и студенти.
Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на Отворањето на 77-то Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш.
Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.