Првиот потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Северна Македонија.
Груби му посака успех во новиот мандат и му изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета II.
На средбата потврдено е пријателството помеѓу двете земји и унапредувањето на соработката во економијата, одбраната како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата како и натамошните реформски процеси.
Амбасадорот Лосон му честита на Груби за евроинтеграцискиот напредокот на нашата држава како и почетокот на преговорите со ЕУ, воедно истакна дека ќе продолжи поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното членство во Европската Унија.
На средбата со амбасадорот Лосон, констатирано е дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите не само на земјава туку и на целиот регион, а Владата е насочена кон обезбедување на подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности.
Во врска со уставните измени, истакнато е дека сите политички субјекти во земјава треба да ги надминат партиските интереси со цел целосна реализација на втората стратешка цел – полноправно членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат од кој нема враќање назад.
Исто така, разговарано е и за надминување на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања од регионот и светот предизвикани од ковид пандемијата како и војната во Украина.