Премиерот Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Струга

Премиерот Димитар Ковачевски на 12.10.2022 (среда) во 11:00 часот,  ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

На официјалното отворање свои обраќања ќе имаат Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“, директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, а ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи како и претставници на менаџментот на компанијата.

Согласно агендата на организаторите, после официјалните обраќања ќе следи презентација и обиколка на новата инвестиција. Не се предвидени одговори на новинарски прашања.

„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

Календар Влада: 
Среда, Октомври 12, 2022 - 11:00 to 12:00