Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје, пред утрешниот почеток на грејната сезона. Ковачевски ја посети топланата Исток, производен капацитет кој произведува 70% од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, и која заедно со топлана Запад од оваа грејна сезона е под стопанисување на АД ЕСМ, односно друштвата за топлинска енергија на ЕСМ.
Увид беше извршен и во подготвеноста на подружницата Енергетика, пред сè во текот на активностите за санација на топловодна мрежа во должина од 80м во Автокоманда, Oпштина Гази Баба, заради ефикасна испорака на топлинска енергија.