Вицепремиерот Битиќи на конференција на „Економист“ во Приштина
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска (25.10.2022 година), вторник, ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“.
Панел дискусијата на која ќе учествува вицепремиерот Битиќи, започнува во 12:00 часот и е на тема „Раст и развој на Западен Балкан“.
Календар Влада:
Вторник, Октомври 25, 2022 - 00:00 to 23:45