МОН: Започна печатењето на новите учебници, испораката целосно ќе се заокружи во месец ноември

Започна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година за првпат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование.
 
Согласно договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.
МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.