Премиерот Ковачевски ќе го пречека премиерот на Бугарија Донев на настан по повод отпочнувањето со градба на железницата од источниот дел на Коридор 8

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галaб Донев, во придружба на министри од двете Влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, утре 29.10.2022 година (сабота) со почеток во 12:00 часот ќе се обратат на настан по повод отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово - Бељаковце - Крива Паланка.

На настанот ќе се презентира проектот за претстојните фази од изградбата на делницата. Свои обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, премиерот на Бугарија Галаб Донев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Анди Аранитаси.

Обраќањата може да ги проследите во живо на следните линкови:

Линк до видео од настанот за отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Кумановo-Бељаковце-Крива Паланка на македонски јазик

Линк до видео од настанот за отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Кумановo-Бељаковце-Крива Паланка на албански јазик

Линк до видео од настанот за отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Кумановo-Бељаковце-Крива Паланка на англиски јазик

Линк до видео од настанот за отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Кумановo-Бељаковце-Крива Паланка на бугарски јазик

Календар Влада: 
Сабота, Октомври 29, 2022 - 12:00 to 15:00