Премиерот Ковачевски со покана за лидерска средба до парламентарните политички партии

Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Ве информираме дека поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година (среда).