По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Северна Македонија стана 103-та членка на GFCE - Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата Сајбер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.
Владата на Северна Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер напади, сајбер криминал, сајбер култура и градење на капацитети.
Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на сајбер темата во Северна Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите. Линк: https://cybilportal.org/
Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади.
Линк до секцијата на Северна Македонија на веб-сајтот на GFCE: https://thegfce.org/member/