Во Кина голем медиумски интерес за посетата на македонската владина делегација

Посетата на македонскиот премиер Никола Груевски на Кина наидува на голем медиумски третман во Пекинг.

По денешниот Бизнис форум премиерот Груевски даде интервју за најголемата и најгледана кинеска телевизија CCTV, која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва. На веб страната на кинеската државна телевизија со ознака „есклузивно“ објавен е дел од интервјуто.

Покрај интервјуто на CCTV, Груевски денеска во Пекинг имаше и прес конференција за најреномираните печатени и електронски медиуми. 

flw player...