Продлабочување на традиционално добрата економска соработка и реализирање на нови проекти помеѓу Северна Македонија и Словенија најавија министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за економија и технолошки развој на Словенија Матјаж Хан, кои денеска се обратија на форумот Словенечко-македонски за економска соработка кој беше организиран од страна на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија.
“Има простор за зголемување на соработка меѓу Северна Македонија и Република Словенија и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање од страна на компаниите од двете земји. Билатералните односи меѓу двете земји во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план. Со заеднички сили и наппри во наредниот период ќе ја зголемиме економската и трговската соработка за што најголем бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји” кажа министерот Бектеши во своето обраќање пред присутните стопанственици од двете земји.
Министерот Бектеши истакна дека и Владата и Министерството за економија се секогаш подготвени да ги поддржат странските инвестиции, особено од Словенија, како и нашите инвестиции во Република Словенија.
„Ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена. Исто така како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работиме на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што имаме донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија” - изјави министерот Бектеши.
Како што кажа Бектеши, за да се продлбочи соработката помеѓу бизнисот се договорено е следната година да се организира заеднички Саем на занаетчиство во Цеље на кој ќе се претстават малите компании од двете земји.
“Наша цел исто така е да се воспостави следната година повторно авионска линија меѓу Скопје и Љубљана што дополнително ќе ја подобри комуникцијата и соработката помеѓу двете земји.Повеќе од убеден сум дека со заеднички сили и наппри во натедниот период ќе ја зголемиме економската и трговската соработка за што најголем бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји“ кажа министерот Бектеши.
Единствен начин, кажа Бектеши да се преброди било која криза и да се изгради вклучително и енергетска независност и диверзификација е можно и единствено низ регионална соработка со оглед на големината и обемот на инвестиции кои што треба да се прават, а кои поединечно ниту една држава не може сама да ги направи.
Ова е можност да се искористи глобалната енергетска криза за државите да се претворат во центар на зелена енергија што ќе го снабдува со струја не само регионот, туку и пошироко.
Министерот за економија и технолошки развој на Словенија, Матјаж Хан, ги истакна добрите билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, истакнувајќи го уште поголемото продлабочување на оваа соработка и реализацијата на многу заеднички проекти од стопанската област, со посебен акцент на енергетиката.
„Сакам да истакнам дека билатералните односи со Република Македонија и со Република Словенија се многу добри, традиционално биле добри и во минатото. Словенија е пријателска земја со РМВ, така што ќе остане и во иднина, ќе ве поддржиме на вашиот пат кон ЕУ“, изјави Хан.