Премиерот Ковачевски ќе се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија
На 16.12.2022 година (петок) во 10:00 часот во хотел Александар Палас, премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ќе ја отвори годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Предизвици на економските политики во 2023 година“.
На панел сесија во рамки на конференцијата ќе говорат и министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за финансии Фатмир Бесими на тема: „Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата“.
Конференцијата со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ е во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.