Средбата Груевски - Џиабао централна тема на Кинеската телевизија

На најгледаната и најреномирана телевизија CCTV, која покрива над една милијарда гледачи, веста за средбата на двајцата премиери беше објавена во ударниот термин за централна вест на денот.

Овој термин за веста на денот, која се емитува секој ден во 19 часот, е предвиден со правила и е воспоставен од основање на телевизијата.

Кинеските медиуми посветуваат големо внимание и третман на посетата на македонскиот премиер и владината делегација на нивната земја. Доказ за ова е изборот на средбата Груевски - Џиабао за централна вест на денот особено ако се има предвид дека во тек се трилатерални разговори Кина - Јапонија - Јужна Кореја за воспоставување слободна економска зона, настан пред кој средбата на двајцата премиери доби приоритет и внимание.