Премиерот Димитар Ковачевски на средба со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен

Денеска, 11.01.2023 (среда), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе одржи работна средба со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Делегацијата ќе пристигне во 09:40 часот пред платото на Владата на Република Северна Македонија. Фоторепортерите и снимателите кои сакаат да го проследат пристигнувањето на делегацијата треба да бидат во Медија центарот на Владата најдоцна до 09:15 часот.

После средбата не се предвидени изјави за медиуми, јавноста ќе биде известена преку прес службата на Владата.

Календар Влада: 
Среда, Јануари 11, 2023 - 09:45 to 11:00