Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Ресен ја посети фабриката „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Ковачевски истакна дека компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД, а „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Компанијата, парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, а исто така оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза.

„Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно земјоделство, но и основа за развој на македонската економија.

Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставуваат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни“, изјави премиерот.
 


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски за посета на „Деалтаск Фреш“ во Ресен

Изминатиов период многу често сум во посета на компании, фирми, производствени капацитети низ целата држава, се со цел да ја покажам мојата отвореност, но и отвореноста на целата Влада, како партнер со бизнис секторот, бидејќи само заеднички можеме да овозможиме рамномерен економски развој на Северна Македонија. Денеска во убавиот Ресен, ја посетив компанијата „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Компаниите и земјоделците го препознаа придобивката од ИПАРД. Компанијата „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, која е потребна на компанијата. Исто така за пофалба е што и оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза.

Управувањето со буџетски и европски пари е огромна одговорност, за тоа мора да се постават јасни стратегии, со кои ќе се овозможи отпорност и опоравување и на граѓаните и на компаниите. 

Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно  земјоделство но и основа за развој на македонската економија.

Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставаат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние  мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни.  

Тешката година која е зад нас, покажа како владините мерки и Владата менаџира и со парите на граѓаните. Поевтина струја, повисоки плати, помош за пензионерите, ранливите категории граѓани, помош за компаниите, за производителите на храна, за болниците, училиштата со сите мерки кои ги донесовме, им помагаме и на граѓаните и на бизнис заедницата. Така ќе продолжиме и во иднина. Економско енергетските прилики на глобално ниво не нѐ предомислија да се откажеме или да забавиме со капиталните инвестиции, со поддршка на странски но и домашни инвеститори, отвораме нови работни места и обезбедуваме иднина на младите во сопствената држава. 

На компанијата „Деалтаск Фреш“ и посакувам проширување на производството, но и отворање на нови работни места. Да продолжат со засилено темпо со нивната визија за проширување и зајакнување на бизнисот. Посакувам уште многу вакви успешни приказни, без разлика дали станува збор за поголеми или помали места во државата. Сите граѓани подеднакво заслужуваат добар живот и просперитет на нивниот крај.  

Благодарам