Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на втората јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Струмица. На расправата присуствуваа претставници од синдикатите, меѓународните организации и работодавачите. Од страна на работната група која работеше на Законот за работни односи беа презентирани пред присутните новитетите кои треба да придонесат кон поголеми права на работниците.
Министерката го истакна нејзиното уверување за креирање на закон со кој ќе се носат добри решенија а сепак ќе ги следат Европските стандарди како и реалните потреби на пазарот на труд на територијата на Република Северна Македонија.
До донесувањето на Законот за работни односи ќе бидат одржани уште 7 јавни дебати на територијата на целата држава со цел вклучување на сите чинители кои се засегнати од законот.