Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Штип. На оваа расправа голем дел од учеството зедоа претставници на работодавачите вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Министерката во своето воведно обраќање истакна дека Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни.
За време на расправата беше развиена плодна дискусија, со конструктивни забелешки кои како што посочи министерката треба да придонесат во унапредување на документот кој значи почит на правата на работниците.