Утре и задутре ќе се одржи годишна конференција „Година на нови можности“
Владата на Република Северна Македонија, ја организира годишната конференција „Година на нови можности“, што ќе се одржи утре (30 јануари 2023 година) и задутре (31 јануари 2023 година), во хотелот „Александар Палас“, Скопје со почеток во 10:00 часот.
Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.
Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
Понеделник 30.1.2023
10:00 Воведно обраќање на премиерот Димитар Ковачевски
Воведно обраќање на премиерот на македонски јазик
Воведно обраќање на премиерот на албански јазик
Воведно обраќање на премиерот на англиски јазик
10:30 Панел 1 „ЕУ интеграции и реформски процеси“
11:45 Панел 2 „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“
13:00 Панел 3 „Инвестиции и економски раст во услови на криза“
14:15 Панел 4 „Социјални и здравствени политики во време на криза“
Вторник 31.1.2023
10:00 Панел 1 „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“
11:15 Панел 2 „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“
12:30 Панел 3 „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“
13:45 Панел 4 „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“