Во срдечна и пријателска атмосфера, со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Северна Македонија заврши Шестата седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.
Со комисијата претседаваше министерот за економија Крешник Бектеши како домаќин и министерот за млади и спорт на Република Турција, Мехмет Муарем Касапоглу како ко-претседавач.
Изразувајќи го своето задоволство во име на Владата за можноста да претседава со Мешовитата комисија, министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија и Турција традиционално негуваат добри пријателски односи кои позитивно влијаат на јакнење на нашите релации.
“Нашите заложби како министри кои се грижиме за економијата, со одржување на денешната седница треба да придонесеме кон исполнување на поволностите што ги нуди билатералната Спогодба за трговска и економска соработка Економските области кои се опфатени на оваа седница треба да дадат нова димензија во нашите економски релации и значајно да ги подобрат трговските бројки. Експертите во Протоколот предложиле трговските бројки да достигнат 2 милијарди долари во следниот период, што значи ни претстои сериозна работа. Турција е наш значаен трговски партнер и во последните три години го зазема 7-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Вкупната билатерална трговија во ноември 2022 година достигна 945 милиони долари и раст од 35,8% во однос на истиот период во 2021 година. Турција континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори и се јавува како значаен инвестициски партнер“ кажа министерот Бектеши.
Како стратешки сектори за турски инвестиции во Северна Македонија како што кажа Бектеши се: фармацевтска индустрија, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.
“Вкупните инвестиции од Турција досега достигнаа 557 милиони долари. Само во 2021 година се 66.65 милиони долари и 57,4 милиони долари во 9-те месеци на 2022 година. Владата на северна Македонија има развиен концепт на привлекување на странски инвестиции во слободните економски зони и во индустриски зони, кои се поставени долж коридорите 10 и 8. Така што повеќе од 10 компании од Турција се во фаза на инвестирање во Република Северна Македонија. Покрај инвестициите, двете земји треба да се ставиме акцент на модернизирање на договорот за слободна трговија оваа година, преку дефинирање на нова либерализација во земјоделскиот сектор и примена на нови правила за потекло на стоката според правилата на ПЕМ“ кажа министерот Бектеши. Министерот за млади и спорт на Турција, Касапоглу кажа дека Северна Македонија и Турција имаат традиционално одлична соработка, но дека во наредниот период двете земји ќе работат во нејзино унапредување.
Кажа дека има интерес од страна на турски инвестиции за вложувања во обновливи извори на енергија во Северна Македонија.
„Северна Македонија ја сметаме за значаен партнер во инвестициите. Турските инвестиции во Северна Македонија досега надминаа 1,2 милијарда долари. Но, имаме нови чекори тука, посебно во обновливите извори на енергија. Подготвени сме и ние, но и Северна Македонија,.
Енергетиката, индустријата, културата, туризмот и трговијата биле опфатени на денешната средба која дала нов инпут во соработката. Лани трговската размена меѓу двете земји достигнала близу една милијарда долари, а Турција реализирала извоз од 700 милиони долари во Северна Македонија“ кажа турскиот министер Касапоглу.
Во рамки на Шестиот состанок на Мешовитата комисија за економска соработка беа потпишани Меморандум за разбирање за соработка во областа на млади и спорт помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија и Министерството за млади и спорт на Република Турција како и Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и Организацијата за развој на мали и средни претпријатија на Република Турција.