Настан по повод првата трансплантација на црн дроб
На 02.03.2023 година (четврток) во 10:30 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан по повод првата извршена трансплантација на црн дроб, кој со воведно обраќање ќе го отвори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. На настанот ќе присуствуваат доктори и медицински персонал кои учествуваа во трансплантацијата, на кои свечено ќе им бидат доделени персонализирани благодарници (плакети), како и пациентот на кој му е трансплантиран црн дроб.
Календар Влада:
Четврток, Март 2, 2023 - 10:30 to 11:30