Ковачевски - Апатураи: Справувањето со интензивниот хибриден напад го правиме заедно со нашите НАТО сојузници, граѓаните да се спокојни

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја предводеше владината делегација во состав од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на работна средба со делгација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.

На средбата, тема на разговор беа актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Северна Македонија, како и другите земји членки на Алијансата. 

Од присутните на состанокот констатитрано е дека станува збор за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.

Присутните министри имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна. 

На средбата се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО. 

Заменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата на Република Северна Македонија ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност. 

Премиерот Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.