Премиерот Груевски се сретна со градоначалникот на Торино

Премиерот Никола Груевски, кој престојува во Италија, денеска во Торино се сретна со градоначалникот Пјетро Фасино на која присуствуваа и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

На средбата стана збор за можностите за интензивирање на економската соработка, за потенцијалите за инвестирање во Македонија, како и за Договорот за пријателство и соработка меѓу Торино и Скопје што денеска ќе го потпишат градоначалниците Фасино и Трајановски.

Премиерот Груевски и владиниот тим во Торино ги претставија можностите за инвестирање во Македонија пред стопанственици од овој регион на бизнис форум, а попладне ќе ги презентираат и пред бизнисмени во Милано.