Оглас бр.04/2023 за именување на државен правобранител на Република Северна Македонија
Врз основа на член 18 став 1, член 19 и член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), Владата на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС бр.04/2023
за именување на државен правобранител на Република Северна Македонија
1. Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот за правда ќе именува државен правобранител на Република Северна Македонија, за време од шест години, со право на повторен избор.
2. За државен правобранител на Република Северна Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и
- да ужива углед за вршење на функцијата.
3. Функцијата државен правобранител е неспојлива со вршењето на друга јавна функција и професија.
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас,
2) Кратка биографија,
3) Мотивациско писмо,
4) Уверение за државјанство,
5) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование - дипломиран правник;
6) Уверение за положен правосуден испит;
7) Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија и во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како работен стаж, доказ дека има работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит;
8) Доказ дека ужива углед за вршење на функцијата.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За оглас за именување државен правобранител на Република Северна Македонија“.
6. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022 и 213/2022).
7. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во јавните гласила.
8. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
9. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.