Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија
Ве известуваме дека денеска 27.03.2023 година (понеделник) во Клуб на пратеници со почеток во 9:00 часот претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија, во организација на Министерството за надворешни работи, а со учество на дипломатскиот кор во земјата.
Настанот се одржува на три годишнината од членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата, што е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
Календар Влада:
Понеделник, Март 27, 2023 - 09:45 to 10:15