Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена, Австрија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска 20.04.2023 година (четврток ) ќе биде во работна посета на Виена, Австрија.
Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер.
По завршувањето на средбата, Премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.
Календар Влада:
Четврток, Април 20, 2023 - 00:00 to 23:45