Министерот Поповски на средба со штипскиот бизнис сектор

Министерот за надворешни работи Никола Поповски попладнево оствари средба со штипскиот бизнис сектор, со цел да им ги презентират активностите на економската дипломатија.
- Со нашата мрежа се трудиме преку дипломатските претставништва низ светот да ја претставиме Македонија како дестинација за можни инвестиции, на тој план работиме, но секако се трудиме да направиме афирмација на нашите фирми, кои се извозно ориентирани. Особено во услови на криза дали можеме да понудиме креирање контакти помеѓу различни бизнис заедници, изјави Поповски.

Штипските бизнисмени од текстилната, дрвната индустрија и градежните компании велат дека е потребна поголема промоција и подршка од страна на нашите амбасадори и промотри за овие гранки, кои се извозно ориентирани и со изградени брендови. 

Министерот Поповски истакна дека поддршката од амбасадорите и промоторите ќе ја имаат, но можноста за извоз надвор од државата исто така зависи и од тоа колку компаниите се конкуретни на пазарот и од можноста за создавање контакти надвор од земјата и токму во тој домен можат да им помогнат.