Премиерот Ковачевски ќе се обрати на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, 17 мај 2023 година (среда), втор ден од Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик, ќе има свое излагање на Генералната дебата на тема „Обедитени за Европа” која ќе започне во 11:00 часот и ќе трае до 14:30 според македонско време.

На Генералната дебата воведни обраќања ќе имаат премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс, а потоа предвидено е да се обратат сите 46 шефови на држави- учесници на Самитот.

Обраќањето на премиерот Ковачевски, може да го следите во живо преку следните линкови: 

Обраќање на премиерот Ковачевски на македонски јазик

Обраќање на премиерот Ковачевски на албански јазик

Обраќање на премиерот Ковачевски на англиски јазик

Четвртиот Самит на Совет на Европа кој годинава се одвива во Рејкјавик, е посветен на Украина и се однесува на мирот и почитувањето на човековите права, особено во овие тешки времиња кога во Европа не е нападната само една држава, туку се нападнати демократските принципи и вредности на меѓународниот поредок.

Целта на Самитот е да се обединат земјите членки кон принципите за демократија, обезбедувајќи јасно заедничко разбирање за тоа како ја обезбедуваме и зајакнуваме демократијата во Европа.  

На дневен ред на четвртиот Самит на Советот е и формирање Регистар за евидентирање на штетите предизвикани од руската агресија врз Украина и за реафирмирање и унапредување на основните вредности: човековите права, демократијата и владеењето на правото.

На крајот на Самитот, Исланд официјално ќе и го предаде на Латвија претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. 

Латвија е следната земја- членка што ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа за период од шест месеци.

Календар Влада: 
Среда, Мај 17, 2023 - 11:00 to 14:30