Вицепремиерот Битиќи ќе се обрати на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, утре 30.05.2023 година (вторник) ќе се обрати на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023 кој се оддржува под негово покровителство.

На настанот во организација на ЗИП Институт, во партнерство со Владата на РСМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје, во вторник и во среда највисоки претставници на власта, високи функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни органиазации и граѓански организации ќе дискутураат на тема „Подобрување на триаголникот: Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

После воведните обраќања предвидени се изјави за медиумите од 09:35 до 09:55 часот

Календар Влада: 
Вторник, Мај 30, 2023 - 09:00 to 10:00