Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава во 10:30 часот, ќе се обрати на панелот на тема: „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“.

Линкови за следење во живо:

Видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава на македонски јазик
Видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава на албански јазик

Видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава на англиски јазик

Во рамки на агендата, премиерот Ковачевски денеска ќе одржи билатерална средба со францукиот претседател Емануел Макрон, со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, а одржа средба и со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Безбедносниот форум на Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18 издание на Форумот, има за цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

Календар Влада: 
Среда, Мај 31, 2023 - 00:00 to 23:45