Премиерот Ковачевски на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Утре, 07.06.2023 година (среда) во 11:00 часот во Клуб на пратеници, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
На почетокот на средбата, претставниците на медиумите ќе имаат можност за фотографирање и видео инсерти. По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.