Вицепремиерот Битиќи ќе се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес 19.06.2023 година (понеделник ) ќе се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која ќе се дискутира на темата „Предизвиците на компаниите во Република Северна Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација".
На овој настан, ќе се најдат на едно место владини претставници, истакнати професионалци, експерти и претставници на компаниите членки на СКСЗМ, да дискутираат и најдат иновативни решенија за чувствителните предизвици во обезбедувањето на работна сила.