Премиерот Ковачевски во Свети Николе по повод доделување решенија за финансиска поддршка за набавка на трактори

На 26.6.2023 година (понеделник) во 11:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски  ќе се обрати и ќе присуствува на настан во Свети Николе по повод доделување решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори.

На настанот ќе се обратат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски, по што ќе бидат доделени решенијата на земјоделците.

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 26, 2023 - 11:00 to 12:00