Ставрески: За два дена исплатени над 25 милиони евра кои завршија во економијата и граѓаните во Македонија

Министерството за финансии во текот на вчерашниот ден и денеска исплати над два милиони евра субвенции во земјоделството за полјоделски култури и лозови насади.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговорајќи на новинарско прашање по денешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека исплатата на субвенциите во земјоделството се одвива добро и во законските рокови и оти така ќе се продолжи и во иднина.

-  Министерството за финансии ги изврши и другите обврски. Вчера објавивме дека се исплатени 23 милиони евра за обврзници за денационализација, така што само во два дена над 25 милиони евра завршија во економијата во Македонија,  граѓаните, во стопанството и тоа ќе помогне да се подобри ликвиднсота, истакна министерот Ставрески.