Вицепремиерот Битиќи во посета на општина Желино

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес 13.07.2023 година (четврток) ќе ја посети општина Желино каде ќе врши увид на сработеното во рамките на ТАВ проектот за изградба на Младински културен центар.

Вицепремиерот Битиќи ќе биде придружуван од Генералениит директор на ТАВ, Неџат Курт и градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот, на кој се предвидени и изјави за медиумите со почеток во 11:00 часот.

Календар Влада: 
Четврток, Јули 13, 2023 - 11:00 to 12:00