Денеска во општина Крива Паланка, токму на денот кога се прославува патронот на градот и заштитник Свети Јоаким Осоговски, се одржа манифестацијата „Фестивал на храната“. Манифестација поддржана од стана министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој како една од националните манифестации низ државава, за промоција на македонската храна и пијалаци произведени од малите производители на храна.
Учество на овој фестивал на храната земаа 70 изложувачи, мали производители на храна и вино од целата држава, дел од социо-економските партнери на министерството, Слоу Фуд, Федерација на фармери и Асоцијација на земјоделци, презентираат своите брендови.
Посетителите имаа можност да уживаат во штандови преполни со највкусната домашна македонска храна и вино. Домашен ајвар, малиџано, разни слатка, намази, маџун, масла, сирења, кашкавали и разни други производи, но и да го пробаат познатиот Паланечки симит и Паланечки зелник.
Изобилство на најшарените тегли наполнети со домашни производи, одгледани под ова наше небо, со зраците на нашето сонце, од рацете на овој наш вреден народ и од тефтерите со рецепти од нашите баби.
Како министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, една од нашите поставени цели е поддршка и развој на малите производители на храна и пијалаци. Во таа насока, од оваа година, за прв пат креиравме посебна програма за финансиска поддршка на малите производители на храна, преку грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство.