Вицепремиерката Арифи на неформалниот состанок на министри на земјите членки и кандидатите за членство во ЕУ
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска учествуваше на неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања на земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ.
Како што информираат од СЕП, аа време на средбата вицепремиерот Арифи информираше за напредокот во имплементацијата на реформите во земјата. Арифи посебно се осврна на реализацијата на мерките предвидени со Оперативниот патоказ за адресирање на целите од Пристапниот дијалог на високо ниво.
- Вицепремиерот Арифи исто така истакна дека Република Македонија останува посветена на исполнувањето на обврските поврзани со процесот на европска интеграција, бидејќи членството во ЕУ останува стратешка определба на Владата, се вели во соопштението од СЕП.
Неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања на земјите членки и земјите кандидати се одржа во рамки на Данското претседателство со ЕУ.