Ковачевски: Со поддршка од ЕУ преку ИПАРД создаваме конкурентно и зголемено македонско производство по европски терк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, беше во посета на компанијата „Вивакс“. На настанот присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

„Во Северна Македонија има успешни приказни, како „Вивакс“, која благодарение на ентузијазмот, иновативните идеи и вложувањата во модернизирање на производството, денес освен сокови, својата палета на производи ја има проширено со нови видови преработки од овошје, кои се произведени како уникатен македонски бренд“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на денешниот настан.

„Денес Северна Македонија е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98% искористеност. Ја поедноставивме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и земјоделците ги препознаа придобивките. Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и за 60% зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата“, потенцираше премиерот Ковачевски на денешниот настан, додавајќи дека ние сме и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата, со која ќе се понуди повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.

„Вратите на ЕУ се отворени, но ние треба да ја покажеме нашата подготвеност дека можеме и умееме да ги исполниме очекувањата на граѓаните, да ги донесеме потребните одлуки и со тоа да ја оствариме и втората стратешка цел на државата. Полноправно членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но верувам остварлива цел, која ќе донесе многу придобивки по пат и за граѓаните и компаниите како оваа во која сме денес“, истакна на крајот премиерот Ковачевски при денешната посета на „Вивакс“.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето обраќање нагласи:

„Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка, преработувачкиот сектор добива можност да започне или да го подобри постоечкиот бизнис, како што е и компанијата „Вивакс“.

Конкретно со ИПАРД програмата македонските земјоделци, стопанство и институции имаат голема поддршка од европските партнери. И тоа треба да го искористиме и да инвестираме повеќе, да станеме дополнително независни и самоодржливи во поглед на храна, енергија и економски развој“.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир подвлече дека „Вивакс“ е уште еден пример за тоа како ЕУ помага да се направи промена овде, во Северна Македонија.

„Земјоделството е дел од идентитетот на оваа земја, нејзината култура и историја. Тоа е исто така еден од нејзините најголеми адути. Сакаме земјоделците, производителите и оние кои работат во секторот да ја обликуваат нејзината иднина. Иднина во Европската Унија. Иднина како дел од единствениот пазар на ЕУ“, потенцираше евроамбасадорот Гир, во денешното обраќање на настанот.


Ковачевски: Со поддршка од ЕУ преку ИПАРД создаваме конкурентно и зголемено македонско производство по европски терк
 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на компанијата „Вивакс“. На настанот покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски.

„Најпрвин сакам да ги поздравам сопствениците и менаџерите на компанијата „Вивакс“ коишто ги произведуваат нашите далеку познати сокови „Вива“.

Да го поздравам почитуваниот амбасадор на Европската Унија Дејвид Гир, вицепремиер Бојан Маричиќ, вработените во „Вивакс“ и секако вас медиумите.

Денеска сме во посета на една од нашите успешни компании, кои три децении успешно го градат својот имиџ дома, но и на странските пазари преку препознатливиот бренд сокови „Вива“.

Обично за компаниите велиме дека извезуваат во регионот меѓутоа оваа компанија извезува на повеќе континенти што ја прави навистина успешна во светски рамки.

Во Северна Македонија има успешни приказни, како „Вивакс“, која благодарение на ентузијазмот, иновативните идеи и вложувањата во модернизирање на производството, денес освен сокови, својата палета на производи ја има проширено со нови видови преработки од овошје, кои се произведени како уникатен македонски бренд.

Тие успешно ги имаат искористено мерките од ИПАРД програмата за нови инвестиции во производството. Досега компанијата има добиено над 900 илјади евра, пари кои помогнале за зајакнување, за модернизација и зголемување на производствените капацитети и процеси. Компанијата има во тек на обработка уште еден проект преку ИПАРД 2 програмата со кој треба да добие финансиска поддршка од над 800.000 евра. Се работи навистина за воведување на нови современи производствени линии коишто се од врвно светско производство на машини и со тоа вкупната помош којашто ја имаат од ЕУ практично преку ИПАРД програмата е  1,7 милиони евра.

Денес, Северна Македонија е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98% искористеност. Ја поедноставиме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и земјоделците ги препознаа придобивките. Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и за 60% зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.

Оваа можност  би ја искористил да им порачам на сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени, производители на храна  да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата. Јавниот повик за оваа програма е продолжен до крајот на месецот и сите заинтересирани треба што поскоро да ја искористат оваа можност да го модернизираат своето производство, да создаваат конкурентни финални производи и да придонесат во развојот на економијата.

Ние сме инаку и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата, со која ќе понудиме повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.

Вие медиумите бевте присутни кога министерот за земјоделство заедно со мене ја презентираше ИПАРД 3 програмата, тука е и вицепремиерот со кого заедно ја потпишаа и спогодбата за користење на средствата и тоа не прави прва земја во регионот којашто започна со користење на ИПАРД 3 програмата за поддршка на производството на храна.

И овој успех не е случаен. Изминатите години, со помош на ЕУ, овозможивме услови за модернизација на земјоделското производство, реализиравме многу нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерни земјоделски машини, системи за наводнување и мали бизниси од рурални средини. Сето ова се инвестиции вредни милиони евра, инвестиции кои овозможуваат дополнителен развој.

За нашите успеси се зборува и деновиве, за време на билатералниот скрининг за Поглавјето 11 кое се однесува на „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Посветено и одговорно работиме со цел да ја оствариме поставената цел - полноправното членство во Европската Унија, затоа што тоа ќе значи пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители, поголеми можности за бизнисите, повеќе странски директни инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и  зголемена финансиска  поддршка  преку развојните фондови на ЕУ која е дури 11 пати поголема од поддршката која ја имаат земјите кандидати во однос на земјите членки во ЕУ.

ЕУ е посветена на што поскора и побрза интеграција и на земјата и на регионот. Тука доаѓам практично директно од  Самитот на Берлинскиот процес каде разговаравме како да ги забрзаме евроинтеграциите. Во таа насока, и претседателката на ЕК го појасни Планот за раст со кој пред сѐ се отвораат вратите на единствениот пазар во седум клучни области за компаниите од Западен Балкан уште сега. Воедно преку реформите кои нѐ очекуваат,  Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан ќе станат уште попривлечни за инвеститорите и крајно ќе овозможат зголемување на претпристапните средства од Унијата за земјите од регионот.

Вратите на ЕУ, и медиумите кои беа во Тирана на Берлинскиот процес можеа да се уверат дека се отворени за регионот, особено формулацијата којашто ја искористи францускиот претседател дека ЕУ треба да се обедини бидејќи проширувањето би значело вон границите на ЕУ, ние сме во границите на ЕУ со оглед на тоа дека околу Западен Балкан се земји членки на ЕУ е нешто што го сметам за исклучително позитивно и сега ќе зависи од реформите во ЕУ и од нашите реформи тој процес да го завршиме до онаа цел којашто сите поставија да биде 2030 година.

Вратите се отворени но ние треба да ја покажеме нашата подготвеност дека можеме и умееме да ги исполниме очекувањата на граѓаните, да ги донесеме потребните одлуки и со тоа да ја оствариме и втората стратешка цел на државата.

Полноправно членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но верувам остварлива цел, која ќе донесе многу придобивки по пат и за граѓаните и компаниите како оваа во која сме денес.

На крајот, би сакал да се заблагодарам на гостопримството на  „Вивакс“ на кои им посакувам уште многу успеси во иднина. Благодарност и до евроамбасадорот Гир за денешното присуство и континуираната поддршка што ја добиваме за важните процеси на нашата држава и да посакам среќа и на менаџментот и на 120 вработени во оваа компанија во користењето на новите машини, на новите технологии кои со помош на ИПАРД програмата и ЕУ веќе се инсталирани во фабриката и во наредните денови почнуваат со проширено и зголемено производство на нови производи“.