Премиерот Ковачевски на отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи
На 25 октомври 2023 година (среда) во 10:30 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи.
На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир.
Календар Влада:
Среда, Октомври 25, 2023 - 10:30 to 11:30