„Суташ“ ги претстави плановите за „Сведмилк“ пред министерот Димоски

Турски „Суташ“ ги заврши формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи „Сведмилк“ во Скопје и најавува почеток со производство во септември.

Новините што турскиот инвеститор планира да ги воведе во фабриката за поголемо присуство на домашниот и регионалниот пазар денеска пред министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски ги презентира менаџерот на фабриката за млеко на турски „Суташ“ во Македонија, Али Мушвик Созер.

Созер, соопшти Министерството за земјоделство,  информирал дека  со нова инвестиција во машина за тврда преработка ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко на 200 тони дневно и изразил благодарност до министерот Димовски и до Владата за успешната соработка и за подршката која ја добиваат. По почнувањето на работата на фабрикита за млечни производи планираат инвестициите да ги продолжат во изградба на фарми за млечно сточарство, фабрика за сточна храна и фабрики за рециклажа и за производство на енергија.

Министерот Димовски им посакал успешна работа и реализација на идните планирани активности.