„Немаше да бидам тоа што сум денес ако на почетоците на мојата активно не учествував во граѓанскиот сектор каде поминав долги години“, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи во својство на панелист беше дел од Националниот форум организиран од Цивика мобилитас, кој на едно место ги собра организациите од Граѓанскиот сектор да разговараат на тема „Од граѓански активизам до општествени промени- очекувањата наспроти реалноста“.
Во неговиот осврт, вицепремиерот Битиќи нагласи дека суштината на работењето на сите чинители треба да биде вклученоста, која пак од друга страна бара време
„Животниот циклус мора да не носи низ граѓанскиот сектор за да научиме да правиме нешто и за другите, треба да не води и низ бизнис секторот за да правиме нешто и за себе, но секако, треба да е носи и во државниот сектор за да направиме нешто за општеството низ еден институционален и структуриран пристап“, рече вицепремиерот Битиќи пред многуте претставници од Невладиниот сектор.
Вицепремиерот Битиќи апелираше за поголема инклузивност на различностите во државата и за побрзо созревање како општество во целина, бидејќи негативните реакции по предлогот за либерализација на работна сила кое е подигнато како прашање за потребите на приватниот сектор во земјава, говорат дека треба уште да работиме во овој сегмент.
Вицепремиерот Битиќи во неговото обраќање на панелот рече дека со консензус и инклузивност, Владата на Северна Македонија работи на Националната развојна стратегија која со вклучување на академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор обезбедува консензус со кој ќе имаме јасен пат на приоритети за нашиот развој во следните 20 години.
Националната развојна стратегија, рече Битиќи ќе биде заедничкиот патоказ, ќе биде стратегија која ќе делува како чадор кој обединува без разлика која партија ќе биде на власт, бидејќи јасно ќе одреди во кој дел се потребни финансии со што ќе обезбеди позитивна средина и олеснување на политичкиот дијалог за стратешките цели, и го бележи патот каде треба Граѓанскиот сектор да делува.
Освен вицепремиерот Битиќи, говорници беа и Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Љатифе Шиковска, пратеничка во Собранието, Петрит Сарачини, поранешен координатор на Одделение за медиумски мониторинг при Владата и Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.