Најава до медиуми за регионален министерски состанок
На 17.11.2023 година (петок) во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи состанок на високо ниво на министрите за финансии, за економија и главни преговарачи од земјите на Западен Балкан, на кој ќе присуствува и Генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување, Јан Копман.
Состанокот се одржува со цел презентирање на Планот за раст од страна на DG NEAR и отворена дискусија со министрите од регионот за можностите максимално да се искористи ново дизајнираниот План за раст, во насока на зајакнување на кохерентноста на политиките и усогласување на помошта на ЕУ со домашните реформи и расположиви ресурси.
Состанокот започнува во 09:30 часот.
Покануваме новинарски екипи да го проследат настанот во:
-9:15 часот фото и видео инсерти од официјалното отворање на Министерскиот состанок од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
- 12:00 часот Прес-конференција (екипите да пристигнат најдоцна до 11:45 часот заради подобра организација)