Нови над 200 вработувања во четирите државни Универзитети во наредните два месеци

Владата има усвоено план за нови над 200 вработувања на четирите државни универзитети, кои треба да ги задоволат потребите откако се испразенти работни места од оние кои заминале во пензија или по други основи ги напуштиле Универзитетите.

Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски и информира дека одлуката за нови вработувања на Универзитетите е веќе донесена и треба да се реализира во текот на наредните два месеца, со што универзитетите нема да чувствуваат сериозени недостатоци на кадар.

- За Скопскиот, Штипскиот и за Битолскио и Тетовскиот ќе бидат обезбедени согласности од Министерството за финансии, главно за професорски и асистенстски кадар односно околу 75 до 80 проценти ќе биде стручен кадар, околу 20 до 25 проценти ќе биде административен или технички кадар, изјави Груевски, денеска по промоцијата на новата медицинска опрема на Детската клиника во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали се предвидени нови вработувањата на Универзитетите.