Груевски: Интерес од нови странски инвеститори има - поволните бизнис услови и промоциите даваат резултати

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека постојано се јавуваат нови заинтересирани компании за инвестирање во Република Македонија како резултат на условите што ги нуди државата и промоциите што постојано се прават со што се привлекува вниманието на странските инвеститори.

- На минатата владина седница веќе беа разгледани одредени документи поврзани со влегувањето на белгиската компанија „Ванхол“ што ќе произведува автобуси во Македонија во која ќе се вработат во почетокот најмалку 500 лица, а веќе има добиено и одредени нарачки од други прекуокеански држави, изјави премиерот Груевски денеска по промоцијата на новата медицинска опрема на Детската клиника во Скопје.

Тој најави дека има интерес и за други две инвестиции од оваа индустрија од кои едната во западниот дел на Македонија, а другата во околината на Скопје.